7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMoody’s верува во закрепнувањето на Грција

Moody’s верува во закрепнувањето на Грција

US Credit Rating

Агенцијата за кредитен рејтинг „Moody’s“ ја зголеми прогнозата за кредитниот рејтинг на грчкиот банкарски сектор од негативна на стабилна.

Агенцијата наведе дека очекува грчката економија, по шестгодишната рецесија, оваа година да се врати на патеките на раст.

Агенцијата додаде дека верува дека грчката економија во 2014 година ќе напредува 0,3 поценти, а во 2015 1,2 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

„Moody’s“ наведува дека структурните реформи кои ги спроведува владата во Атина постепено ја трансформираат Грција во поконкурентна, извозно ориентирана економија од стариот модел на раст кој зависеше од домашната потрошувачка.

Грчките банки во последните недели успеаа да соберат свеж капитал од приватниот сектор, по загубата која ја претрпеа во рамките на отписот на јавниот долг во 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП