4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТТК ќе распредели дивиденда за 2013 година

ТТК ќе распредели дивиденда за 2013 година

ttk banka

ТТК Банка АД Скопје ќе распредели дивиденда за 2013 година во висина од 2,40 отсто од номиналната вредност.

Како што соопшти Македонска берза, ТТК банка покрај оваа, објави одлука од Собрание на акционери, ревидирани финансиски извештаи за 2013 година, финансиски план за 2014 година и годишен извештај за работењето во 2013 година.

На Македонската берза денеска е остварен промет од редовното тргување од 6.783.790,63 денари (109.980,78 евра) од кои 6.729.790,63 денари се остварени на Официјалниот пазар, додека на Редовниот пазар се истргувани хартии од вредност во вредност од 54.000,00 денари. Прометот од редовното тргување со акции на дневно ниво бележи зголемување од 88,33 отсто во споредба со претходниот трговски ден. Од акциите кои се тргуваат на Официјалниот пазар најголемо учество во вкупниот дневен промет имаа акциите на Макпетрол Скопје со промет од 4.150.000,00 денари. На Официјалниот пазар најголем пораст на 29 април 2014 година забележаа акциите на Комерцијална банка Скопје со процентуален пораст на просечната цена од 1,98 отсто.

Денеска на Македонската берза се склучи една системска блок трансакција и тоа со 13.699 обични акции на РЖ Услуги Скопје (РЗУС) по цена од 73,00 денари за една акција, што претставува 0,87 отсто од основната главнина на друштвото. Вкупната вредност на трансакцијата изнесува 1.000.027,00 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП