3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕксперименталните турски сорти ориз со високи приноси во Кочанско

Експерименталните турски сорти ориз со високи приноси во Кочанско

Oriz-800x525

Во Кочани денеска започна вториот квартал од проектот за воведување турски сорти ориз на полињата во Кочанско што го реализираат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Турската агенција за соработка и координација -ТИКА.

Четири тони од 13 турски сорти ориз, од пробното производство од минатата година, поминаа цела вегетативна фаза на површините на Земјоделскиот институт и кај 20 приватни земјоделски производители. Опитите на експертите во Институтот за ориз во Кочани се вршеа на 9 турски сорти и на одомаќинетата сорта ориз во Кочанско „сан андреа“.

– Скоро сите сорти покажаа поголем принос од „сан андреа“,а тој се движи од 9.400 до 11.000 кг/ха. Највисок принос е забележан кај сортата „чакмак“. Кршливоста на арпата при преработката во фабриките се движи од 37 до 64 проценти. Најнизок принос на бел ориз на единица површина имаше кај „сан андреа“,а највисок ја сортата „кизилтан“, соопшти Добре Андов од Земјоделскиот институт.

Оваа година 11 тони од турски сорти семенски материјал се поделени на 80 оризопроизводители.

– Потребно е земјоделците да примаат совети од сеидбата до жетвата. Целта е на оваа плодна земја да се унапреди оризопроизводството и да се подигне нивото на квалитетот на ориз во овој регион, рече на презентацијата Терман Тиљаки, координатор на ТИКА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП