2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаграда „ЈИЕ личност 2014“ за Живко Мукаетов

Награда „ЈИЕ личност 2014“ за Живко Мукаетов

Zivko-Mukaetov-6y65y6y65y

Генералниот директор на „Алкалоид“ Живко Мукаетов е добитник на наградата „ЈИЕ Личност за 2014“, што се доделува во рамки на Фестивалот на кинематографиите од Југоисточна Европа „ЈИЕ во Париз“.

Наградата, што на Мукаетов му беше врачена на отворањето на 4. Фестивал „ЈИЕ во Париз“ во парискиот „Театар Ле Палас“, е доделена за заслуги и достигнувања во економијата, корпоративната одговорност, придонеси во културата и спортот и разни сфери од јавниот живот кои го обединуваат регионот на Југоисточна Европа.

Досегашни добитници на ова признание се Бранислав Мичуновиќ, министер за култура на Црна Гора и актерите Мики Манојловиќ и Мето Јовановски.

Церемонијата на отворање на фестивалот започна со омаж на црногорскиот режисер Живко Николиќ (1941-2001). Францускиот поет Марк Делуз ја доби фестивалската награда „Еуропа Прима“, а актерот Емир Хаџихафизбеговиќ, кој има остварено многу успешни улоги во разни култни филмски и театарски претстави, ја доби наградата „ЈИЕ Актер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП