6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank забележа пад на профитот

Deutsche Bank забележа пад на профитот

deutschebank1663525105535f8c8122c99676771512_640x447

Најголeмата германска банка „Deutsche Bank“ во првиот квартал забележа пад на профитот, но нејзините резултати сепак беа подобри од првично очекуваните.

Нето профитот на банката во периодот од јануари-март се намали за 34 проценти на 1,1 милијарди евра, во споредба со 1,7 милијарди евра од истиот период минатата година, додека нето приходите се намалени за 11 проценти на годишно ниво, на 8,4 милијарди евра, пренесува агенцијата Франс прес.

„Послабата инвестициска активност на клиентите, неизвесноста на пазарите во развој, како и сеуште ниските каматни стапки и исклучително конкурентното опкружување, влијаеа на намалувањето на приходите во повеќето оддели на банката“, се наведува во соопштението.

„Deutsche Bank “ исто така, најави план за собирање на најмалку 1,5 милијарди евра свеж капитал, што е само прва фаза во процесот на собирање на пет милијарди до крајот на 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП