27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто ви е потребно за да „направите“ пари

Што ви е потребно за да „направите“ пари

U

Познатите истражувачи Томас Стенли и Вилијам Данко проучуваа стотици милионери со цел да откријат што е потребно за да „направите“ пари.

Стенли и Данко своите истражувања ги претворија во книга „The Millionaire Next Door“ од која можете да ги дознаете сите детали за тоа како на најлесен и најсигурен начин да дојдете до богатство и кои се тие особини кои ги поврзуваат сите милионери.

Живеат под своите можности

Првата заедничка особина на богатите е тоа што се штедливи (да не речеме скржави). Тие живеат под своите можности, поточно трошат многу помалку од тоа што заработуваат. Половината од милионерите воопшто не живеат во скапоцени куќи, туку во многу едноставни. Втората половина живее во навистина прекрасни домови, но сепак тие се преселиле таму во моментот кога навистина имале многу пари. Сите богати лица знаат да кажат дека тие попрво би заштедиле некој денар отколку да го потрошат на нешто што не им е потребно.

Не трошат пари

Можеби тоа делува невообичаено, но ретко кој од нив купува одело од 5.000 долари, јахти или скапи автомобили, има исклучоци но сепак повеќето тврдат дека нивните палта и одела чинат многу поевтино отколку што мислат луѓето. Без оглед на своите милиони на сметките.

Работат за себе

Најголемата шанса да се збогатите е ако работите за себе, поточно ако имате свој бизнис. Исто така, многу важно е бескрајно да ја сакате работата и да и бидете максимално посветени.

Внимателно планираат

Повеќето милионери многу внимателно ги планираат своите расходи и инвестиции. Често бараат совет од пријатели, колеги, вработени, експерти, ако е потребно и ќе платат за ваков совет.

Не биле најдобри

Томас Стенли и Вилијам Данко велат дека интересно е тоа што заклучиле дека успешните претприемачи всушност никогаш не биле најдобри во училиштето и на факултетот. Некои дури и го напуштиле школувањето за да работат.

Сами себе се „создале“

Повеќето милионери не ги наследиле своите фамилијарни пари туку самите ги создале. Исто така, тие сметаат дека не би требало на своите деца да им го остават богатството туку да им овозможат квалитетно образование со цел тие понатака во животот сами да се изборат за својот успех

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП