18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на профитот на Газпром

Пад на профитот на Газпром

gazpromgazprommdfnkeouh8he4

Нето профитот на Газпром во 2013 година е намален за седум проценти, и покрај зголемената продажба на природен гас на пазарот во Европа, се наведува во соопштението на компанијата.

Нето профитот од 1,13 милијарди рубљи (23 милијарди евра) е малку под очекувањата на аналитичарите, додека вкупната продажба е зголемена за десет проценти на 5,25 милијарди рубљи  (105 милијарди евра), поттикната од силната продажба на природен гас во Европа, се вели во соопштението на компанијата, пренесува агенцијата Франс прес.

Меѓутоа, обемот на продажбата на гас во поранешните советски републики, од кои Украина е најголемиот пазар, е намален за 20 проценти на 430,3 милијарди рубљи.

Нето профитот на Газпром потона втора година по ред, по 10-процентниот пад од 2012 година, поради што рускиот енергентски гигант го загуби статусот за најпрофитабилна светска компанија.

Газпром соопшти дека ширењето на западните санкции против Русија ќе има негативно влијание по неговото работење и неговите акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП