5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLidl ги одложи плановите за влез на американскиот пазар

Lidl ги одложи плановите за влез на американскиот пазар

lidl 3

Германскиот синџир на супермаркети „Lidl“ го одложи планот за влез на американскиот пазар до 2018-та година, по изненадното напуштање на двајца од нејзините главни лидери во минатиот месец, информира „Reuters“.

Клаус Гериг, извршниот директор на „Schwarz Group“, која го поседува „Lidl“, изјави за германското издание „Heilbronner Stimme“ дека подготовките за влез на американскиот пазар напредува брзо, но отворањето на првите продавници е закажано дури за 2018-та година.

„Lidl“, кој значително го зајакнува присуството во Европа и во моментов има околу 9.000 продавници во 26 земји, се очекуваше да отвори 100 продавници во САД уште во следната година, главно на источниот брег, по примерот на германскиот конкурент „Aldi“. „Lidl исто така“, планира да се појави и на пазарите во Србија и Литванија, иако засега компанијата не го објавила рокот за доаѓањето на овие пазари.

Од компанијата одбиваат да го коментираат одложувањето на планот за САД, но според германските медиуми и аналитичари, тоа може да е поврзано со минатомесечното заминување на долгогодишниот претседател на групацијата. Од „Schwarz Group“ објавија дека ги отстраниле Карл – Хајнц Холанд и Давид Јашок, кој го предводеше маркетинг одделот во компанијата, поради „непремостливи“, но неименувани различности во стратегијата за идниот развој на компанијата.

Британскиот синџир на супермаркети „Tesco“ во минатата година се повлече од американскиот пазар, откако искуството да се наметне нов ланец на евтини продавници се покажа како скап неуспех. Од друга страна „Aldi“, кој стапна на американскиот пазар во 1976-та година, располага со близу 1.300 продавници во САД, главно во средниот запад и на источниот брег. Компанијата дури најави неодамна петгодишен план за отворање на нови 650 продавници во земјата.

Прометот на „Schwarz Group“, која е сопственик и на синџирот „Kaufland“, забележа раст од 9 % за финансиската 2013/14 или 74 милијарди евра, што го прави третиот најголем синџир за трговија на мало во Европа по „Carrefour“ и „Tesco“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП