14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста го задушува закрепнувањето на Шпанија

Невработеноста го задушува закрепнувањето на Шпанија

D

Стапката на невработеност во Шпанија достигна 25,9 проценти во првите три месеци од оваа година во споредба со 25,7 проценти кои беа забележани во претходниот квартал.

Закрепнувањето на земјата сеуште е на ниско ниво, а конечниот број на невработени се искачи на 5,9 милиони лица.

Шпанија се бори за закрепнување по двете рецесии од кои успеа да излезе на крајот на минатата година.

Националната банка на Шпанија процени дека е забележано мало подобрување и дека економијата на земјата забележала раст од 0,4 проценти во првиот квартал, што е најбрзиот раст во последните шест години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП