24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПотврдени се спецификациите на Galaxy S5 Mini

Потврдени се спецификациите на Galaxy S5 Mini

galaksi mini

Производителот на смартфони „Samsung“ би требало наскоро да го претстави моделот „Galaxy S5 Mini“, па поради тоа пристигна неофицијална потврда на спецификациите на овој уред.

Според информациите за условите за гаранција објавени на страната на „Samsung“, уредот ќе биде отпорен на вода на длабочина од еден метар во период од половина час или исто како и кај поголемиот „брат“ „Galaxy S5“.

Дијагоналата на екранот ќе изнесува 4.5 инчи, додека резолуцијата ќе биде од 1.280 x 720 пиксели со што ќе се осигурува густина на приказот од 326 пиксели по инч. Уредот ќе го користи процесорот „Qualcomm Snapdragon 400“ со работен такт од 1,5 GHz. Ќе биде вграден „RAM“ од  1.5 GB, a капацитетот од 16 GB на интерната меморија ќе може да се прошири со „microSD“ мемориски картички. Задната камера ќе има резолуција од осум мегапиксели, а предната од 1.5 мегапиксели. Уредот ќе се испорачува со батерија од 2.100 mAh.

Засега нема информации за датумот за претставување и неговата цена, но уредот секако би требало да се појави во продажба во текот на летото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП