18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска во кризата изгубила цел буџет

Хрватска во кризата изгубила цел буџет

Croatia-Flag-600x400

Хрватска во кризата изгубила над 100.000 работни места и речиси цел еден буџет, изјави хрватскиот заменик-министер за финансии Борис Лаловац.

Лаловац потврди дека во рамки на владините мерки ќе се оданочуваат и каматите на штедење, но даночните олеснувања ќе бидат до 12.000 куни или 1.500 евра.

Според него, дефицитот мора да се намалува и на приходна и на расходна страна.

– Која и да е мерка која сакате да ја воведете, секогаш ќе има незадоволни. Тоа е сосема јасно, затоа што предолго трае кризата, луѓето се нервозни, немаат работа, депресија има и кај претприемачите и кај потрошувачите, рече Лаловац.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП