10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOдличен почеток на годината за Bayer

Oдличен почеток на годината за Bayer

bayer kompanija

Германската фармацевтска и хемиска компанија „Bayer“ во првиот квартал од 2014-та година остварила бруто профит за 11 проценти поголем на годишно ниво или 2,73 милијарди евра.

Добрите резултати на „Bayer“ во фармацевтската индустрија ги компензираа потешкотиите на некои активности во хемискиот сектор.

Приходите од продажбата во споменатиот период се зголемени за 2,8 проценти или 10,55 милијарди евра, во споредба со 10,67 милијарди колку што очекуваа експертите. Кога ќе се исклучи негативниот валутен ефект, растот изнесува 8,4 проценти.

Оваа германска компанија, една од ретките во областа на фармацијата која го сочува хемискиот сектор, ги потврди своите цели за 2014-та, предвидувајќи раст на бруто оперативниот профит (EBIDTA) oд еден до пет проценти и вредност на приходот (исклучувајќи го ефектот на курсевите) од 41 дo 42 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП