10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКуба најави отворање на економијата

Куба најави отворање на економијата

kuba154lk

Кубанската влада соопшти дека одлучила да им овозможи на државните компании поголема слобода во работењето со намера да се отвори економијата за пазарно работење.

Повеќе од 2.800 државни компании сочинуваат околу 80 проценти од економијата на Куба, но тие досега беа под силни овластувања на централната власт, па како такви повеќе не се во состојба да ги задоволат потребите на Куба, наведува агенцијата АФП.

Како што се наведува, државните компании и понатака ќе имаат обврска да ги исполнуваат зададените квоти на државното производство, но ќе можат слободно да располагаат со вишокот на производи во склад со цените врз основа на понудата и побарувачката.

Државните компании исто така ќе можат да ги зголемат и платите на вработените и по плаќањето на даночните обврски да ги распределат парите како поттик за вработените, што ќе претствува постепен процес на децентрализација, кој на директорите ќе им дозволи поголема одговорност.

Претседателот на Куба, Раул Кастро ги покрена овие реформи со цел да ја заживее економија која забележа раст од 2,7 проценти наместо планираните 3,6 проценти, а исто така тој презема и чекори за привлекување на странски инвеститори и ја отвори економија за мали приватни претпријатија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП