
Штетата поради загубата на Крим изнесува 60,5 милијарди евра, изјави вчера во Киев вршителот на должност, украинскиот министер за правда Павел Петренко.


Штетата поради загубата на Крим изнесува 60,5 милијарди евра, изјави вчера во Киев вршителот на должност, украинскиот министер за правда Павел Петренко.
– Министерството за правда ги анализираше информациите за штетата, која настана поради загубата на Крим, кои ги испратија другите министерства и одделенија и процени дека штетата изнесува 950 милијарди гривни, истакна Петренко и додаде дека во тој износ не се пресметани вредностите на минералните ресурси.
Во Украина на 22 февруари дојде до промена на власта и соборување од власт на претседателот Виктор Јанукович, а Република Крим одби да ги признае новите власти на Киев.
Крим беше анектиран кон Русија по референдумот, на кој повеќе од 96 отсто од граѓаните се изјаснија за оваа одлука.