4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБорбата на Литванија со сивата економија

Борбата на Литванија со сивата економија

litvanijajheo783te3gilry34

Уделот на сивата економија во Литванија се движи од 17 до 35 проценти од бруто домашниот производ (БДП) на земјата, изјави премиерот на Литванија Алгирдас Буткјавичиус.

Тој истакна дека борбата со сивата економија е еден од приоритетите на владата бидејќи нејзиниот удел не се намалува доволно брзо.

Според него, борбата против нелегалното работење ја комплицира пасивниот став на општеството бидејќи 62 проценти од населението толерира, на пример, шверц на цигари, пренесува агенцијата Итар тас.

Поради акцизата која Литванија, како член на ЕУ мораше да ја зголеми на одредено ниво, цигарите во Литванија се околу два пати поскапи отколку во соседната Белорусија.

Премиерот ги повика претприемачите да соработуваат со институциите на власта во борбата против сивата економија. Нејзиниот обем, пред се, може да се намали со соработката меѓу властите и претпријатијата, а не преку казнените мерки, смета Алгирдас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП