7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната нето плата во февруари 20.941 денар

Просечната нето плата во февруари 20.941 денар

denari

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во Македонија во февруари годинава изнесува 20.941 денар и бележи зголемување од 0,1 отсто во однос на февруари минатата година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, највисока просечна нето исплатена плата по работник во февруари е 49.041 денар во областа на финансиите и осигурувањето.

Забележаното зголемување од 0,1 отсто е резултат на повисоките плати по вработен во секторите рударство и вадење камен за 16,5 отсто, градежништвото за 8,7 отсто и административни и помошни услужни дејности за 4 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Земјоделство, шумарство и рибарство за 6,5 отсто, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6,5 отсто и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 4,7 отсто.

Во февруари 2014 година, 1,3 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2014 изнесува 30.662 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП