5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустриското производство во првиот квартал со раст од три проценти

Индустриското производство во првиот квартал со раст од три проценти

industrija2

Индустриското производство во март годинава во однос на март лани бележи раст од 0,6 отсто, додека во првиот квартал годинава во однос на првите три месеци од 2013 година бележи раст од три проценти, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2014 година, во однос на март 2013 година, бележи опаѓање од 3,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4,9 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 18,2 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во март 2014 година, во однос на март 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13,1 отсто и Капитални производи за 3,8 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 17,2 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 8,1 отсто и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП