4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабавува економскиот раст на Германија

Забавува економскиот раст на Германија

germanijaKarta-648x320

Економскиот раст на Германија ќе забави во вториот квартал од оваа година, но тенденцијата во основа останува позитивна, соопшти Бундесбанк во априлскиот извештај.

„Растот на индустриските нарачки кој беше забележан во првите два месеци од оваа година нема да продолжи со ист интензитет, а позитивните ефекти од благата зима на економскиот раст во првиот квартал ќе имаат влијание на вториот квартал од оваа година“, се наведува во соопштението на Бундесбанк, пренесува Ројтерс.

Аналитичарите прогнозираа економски раст на Германија во првиот квартал од 0,6 проценти, а во вториот квартал раст од 0,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП