5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо aзиско-пацифичкиот регион инвестирани 568 милијарди долари во недвижности

Во aзиско-пацифичкиот регион инвестирани 568 милијарди долари во недвижности

nedviznosti-dolari

– Минатата година во aзиско-пацифичкиот регион во недвижности биле инвестирани 568 милијарди долари, што е 48 отсто од вредноста на овој вид инвестиции на глобално ниво.

Пренесувајќи ги овие информации, денешниот број на „Џакарта пост“, ја цитира угледната консултантска куѓа „Кушман и Веикфилд“, според која регионот и во оваа година на овој план ќе има зголемување на инвестициите за најмалку шест проценти.

Финансирањето во недвижности, според аналитичарите, покажува стабилност и динамичен раст на економиите во овој дел на светот, кој ја одбегна кризата што ги погоди европските држави и Северна Америка. Ова има влијание и на другите економски области и го намалува бројот на оние што бараат работа.

Инвестицискиот бум во недвижности носи и проблеми во одделни држави. Во Индонезија инвеститорите изразија загриженост од наглиот скок на цената на земјиштето, што не е следен со соодветен пораст на наемнините или цената на готовите објекти.

Наемнините најдрастично растат во Сингапур и особено ги погаѓаат помалите бизниси.

Денешното издание на весникот „Стрејт Тајмс“ пишува дека за три години наемнините во Сингапур пораснале за 50 отсто, а тоа била причината сопственикот на еден популарен  ресторан, чии специјалитети биле познатата пекиншка патка и свински ребра, да објави дека поради наемнината го затвара бизнисот.

Ресторанот беше еден од атрактивните локали кој привлекуваше голем број Сингапурци и туристи. Покрај високата наменина, сопственикот се пожали и дека во Сингапур е се потешко да се најдат работници кои би прифатиле да работат за сегашните плати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП