28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAlfa Romeo ќе биде самостојна компанија?

Alfa Romeo ќе биде самостојна компанија?

alfa kompanija

Производителот „Alfa Romeo“ би можел да стане независна компанија со сопствен менаџмент, како „Ferrari“ и „Maserati“, чиј мнозински сопственик е групацијата „Fiat-Chrysler“, тврдат блиски извори до компанијата.

Шефот на групацијата „Fiat-Chrysler“, Серџо Маркионе на 6-ти мај ќе ја претстави пет годишната стратегија за сите брендови на неговата компанија, а главното прашање кое ја интересира индустријата е судбината на „Alfa Romeо“.

Новите гласини за судбината на „Alfa Romeо“ исто така наведуваат дека брендот би можел да се произведува само во Италија, а и дека од „Ferrari“ ќе превземат мотори. Но, интересен е податокот дека понудата ќе биде составена исклучиво од автомобили со заден погон, односно погон на сите четири тркала кога се во прашање кросоверите и „SUV“ модели.

Овој потег претставува четврта нова стратегија која Маркионе ќе ја предложи за „Alfa Romeo“ од кога е во „Fiat“ oд 2004-та година.

Може да се каже дека претходните негови планови не забележаа успех, затоа што тие предвидуваа продажба од 500.000 во текот на 2014-та, односно 300.000 во 2016-та, а „Alfa Romeo“ минатата година продаде само 101.000 возила од кои 90 проценти во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП