27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВработените од АрцелорМиттал го одбележаа Светскиот ден на безбедноста и здравјето при...

Вработените од АрцелорМиттал го одбележаа Светскиот ден на безбедноста и здравјето при работа

awaw

Повеќе од 200.000 вработени и ангажирани лица од АрцелорМиттал денеска го одбележаа Светскиот ден на безбедноста и здравјето при работа, со голем број настани кои се фокусирани на темата „Запри, размисли и дејствувај безбедно – во практика“.

Светскиот ден на безбедноста и здравјето при работа се одбележува осма година по ред и претставува еден од најважните датуми во календарот на компанијата, фокусирајќи се на здравјето и безбедноста на работното место, што е приоритет број еден во АрцелорМиттал.

arce

Оваа година, на овој ден ќе се фокусираме особено на теми од заштитата при работа, како што се паѓање од височина, приклештување, лизгање и падови, кои одат во прилог на пошироката тема „Запри, размислувај и дејствувај безбедно во практика“, која се однесува на сите, од обичните работници и рударите, возачите и инженерите, па сè до членовите на Управниот одбор на компанијата, за да се заложат за преземање одговорност за безбедноста и здравјето, како и за благосостојбата на нивните колеги.

АрцелорМиттал ЦРМ Скопје ја одбележува Неделата на здравјето и безбедноста со голем број активности. Целејќи кон подигање на свеста за важноста на здравјето и на безбедноста, нашите вработени во периодот од 27 април до 30 април се вклучија во различни активности, како: спортски натпревари (фудбал, пинг-понг и куглање), качување на планината Китка, натпревари за безбедност преку игри и предавања на теми за безбедност. Покрај тие активности, ќе се организираат и голем број обуки за вработените за прва помош, предавања на Клиниката за онкологија, ќе биде спороведена крводарителска акција и акција за итна евакуација од страна на АрцелорМиттал и Дирекцијата за спасување. Компанијата ќе ги награди најдобрата идеја за безбедност за 2013 година, најдобра линија за безбедност и здравје, најдобриот фудбалски тим, најдобриот пингпонгар и најдобриот тим во куглање.

arc

Вработените во АрцелорМиттал секој ден работат во услови во кои се можни несреќи. Како релултат на тоа, АрцелорМиттал во 2008 година почна кампања „Патот до нула“ за да се постигне ниво од нула жртви, нула загубено време за повреди и нула болести предизвикани од професијата. Значителен напредок е направен во изминатите шест години. Во 2013 година групата ги постигна своите најдобри разултати. Досега дојде до стапка на повреди при работа (LTIFR) од 0,85, што е големо намалување во споредба со 2007 година кога стапката изнесувала 3,2, а цел за оваа година е постигнување стапка од 0,75 проценти, со амбициозна среднорочна цел од 0,5 проценти во 2017 година.

Обраќајќи им се на вработените и на ангажираните лица, Лакшми Н. Митал, претседателот и извршен директор на АрцелорМиттал, денеска рече:

„Кога ги анализираме несеќите што се случиле, гледаме дека речиси 60 проценти од нив им се случиле на ангажираните лица кај нас, a 40 проценти се случиле кај нашите вработени.

Бидејќи некои несреќи се повторуваат, во иднина, во делот на оперативните унапредувања, ние ќе работиме на однесувањето, културата, ангажманот и учеството на сите наши вработени за тие да посветат поголемо внимание при работењето и да бидат повнимателни еден со друг. Ние, навистина, сакаме сите вработени во компанијата, како и ангажираните лица, на крајот на денот да си отидат дома безбедни“.

ar

Обраќајќи се до Синдикатот на вработените, Јуан Педро Хименез Наваро, извршниот директор на АрцелорМиттал во Скопје, порача:

„Да се биде дел од АрцелорМиттал – Скопје значи нашиот врвен приоритет во работата и во животот да бидат здравјето и безбедноста. Затоа нашиот предизвик е да бидеме најбезбедната компанија од челичната индустрија во светот. Токму поради тоа, секој од нас има право, но истовремено и одговорност, на добро здравје и на безбедност“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП