5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСанкциите против Русија силно ќе ја погодат Германија

Санкциите против Русија силно ќе ја погодат Германија

germanija3

Германските области Саксонија-Анхалт, Бранденбург, Баден-Виртемберг, Саксонија и Бремен ќе бидат најтешко погодени од санкциите против Русија, изјави експертот на германскиот ИФО Институт за економски истражувања во Минхен, Ердал Јалцин.

„Германија не може да си дозволи целосно да ги прекине трговските односи со Русија, бидејќи од Русија увезува околу 30 проценти од вкупниот увоз на нафта и гас“, изјави Јалцин.

Тој додаде дека Европската унија сака да потпише договор со Украина, Молдавија и Грузија со цел изолација на Русија, додека во интерес на Германија е да се постигне „рамнотежа на економските интереси“ со Русија.

„Дел од германската економија директно зависи од извозот во Русија, така 1,5 проценти од економијата на Бремен директно зависи од Русија, а во Саксонија и Баден-Виртемберг тој процент изнесува 1,4 проценти односно 1,3 проценти“, изјави Јалцин.

Германскиот извоз во Русија се зголеми за повеќе од шест пати од 2000 година, додека само Кина има поголем удел, додаде тој.

Според неговите зборови, германскиот извоз во Русија во моментов изнесува 36,1 милијарди евра. „Тоа е 3,3 проценти од вкупниот извоз на Германија“, истакна Јалцин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП