12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСредби во Елиесејската палата за иднината на „Алстом“

Средби во Елиесејската палата за иднината на „Алстом“

alstom0,,17594148_303,00

Францускиот претседател Фрасоа Оланд и министерот за економија Арно Монтебург денеска ќе ги разгледаат предлозите за купување на енергетската индустриска гранка на француската групација „Алстом“ од страна на „Џенерал Електрик“ или „Сименс“, јави дописникот на МИА од Париз.

Од своја страна синоќа со соопштение се јави „Алстом“ најавувајеќо дека „ќе продолжи со продлабочувањето на стратегиското размислување“ околу понудите на „Џенерал Електрик“ и „Сименс“ и дека за својата одлука ќе индормира до среда наутро.

Француската групација, не дава други детали, туку едноставно додава дека во меѓувреме бара суспензија на котацијата на нејзините акции на Париската берза.

Изутринава Монтебург не криеше дека Владата повеќе сака приближување на „Алстом“ со германската „Сиеменс“.

– Или ќе бидеме купени од „Боинг“ или ќе градиме „Ербас“. „Сименс“ сака да создадр два светски лидери во областа на енергијата и транспортот, објасни сликовито Монтебург. Според информациите до кои дојде париски „Фигаро“, „Сименс“ испратил писмо со поконкурентна понуда во споредба со таа на „Џенерал Електрик“. Германската компанија има двојна понуда, да ја купи енергетската гранка на „Алстом“, слично како „Џенерал Електрик“, но притоа предлага на француската компанија да и отстапи половина од својата гранка за прозиводство на средства за транспорт.

Целта е да се зацврсти индустриската гранка за транспорт на „Алстом“, кој меѓу другото ги произведува возовите за голема брзина Те-Же-Ве, и со тоа да се создадат два европски гиганти, првиот во енергетската област, а вториот во транспортот.

Претходно, „Сименс“ објави соопштение за јавноста во кое објасни дека е подготвен да разговара за стратегистките прашања околу идната соработка.

Според пишувањето на париски „Ле Монд“, герамската група веќе две години се обидува да склучи сојуз со „Алстом“ и е подготвенс да достави конкурентна европска понуда покрај оние на „Џенерал Електрик“ или на јапонската „Мицубуши Хеви Индустри“.

Според предлогот на германската компанија, активностите на новата група поврзани со транспортот ќе останат во Франција, слично како и понудата на „Џенерал Електрик“. Покрај ова „Сименс“ нуди да го локализира во Франција светското седиште на нејзините активности со електричните турбини, како и голем дел од центрите за одлучување на нејзината активност за дистрибуција на енергијата.

Што се однесува до активноста со нуклеарните турбини кои ги изработува „Алстом“, германската група вели дека е подготвена да им ги препушти на француските интереси на ЕДФ и „Арева“. Потсетувајќи притоа дека „Џенерал Електрик“ во таа област е поврзана со јапонската компанија „Хитачи“, голем конкурент на француската „Арева“.

На стравувањата на првиот човек на „Алстом“ Патрик Крон, дека фузијата со „Сименс“ може до доведе до отпуштање на работници поради удвојување на индустриската активност, „Сименс“ ветува дека нема да отпушта работници во Франција во текот на трите идни години.

И покрај ѕаквите тврдења на дел од гермаснкиот печат, француската Влада вели дека не барала од „Сименс“ да се вклучи во трката за купување на „Алстом“. Двете компании веќе имале средби на оваа тема, но последниве денови, очигледно е дека раководството на „Сименс“ сѕапи во контакт и со француските власти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП