2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВерувале или не, но Panasonic заработи

Верувале или не, но Panasonic заработи

panasonicke

Нето профитот на јапонскиот електронски гигант „Panasoniс“ во една година заклучно со март достигна 1.17 милијарди долари.

Тоа е прв годишен профит за оваа компанија во последните три години, а тој е резултат на обемното реструктуирање во работењето.

Според најновите резултати, „Panasoniс“ во фискалната година заработи 120,44 милијарди јени (1,17 милијарди долари), по загубата од 754,25 милијарди јени во претходната фискална година, додека приходите пораснале на 7,74 трилиони јени од претходните 7,30 трилиони јени.

За актуелната фискална година која завршува во март 2015-та година, „Panasoniс“ прогнозира профит од 140 милијарди јени.

Оваа компанија, исто како и ривалите „Sony“ и „Sharp“, во последните неколку години беше соочена со бројни проблеми, претрпувајќи големи загуби во своето одделение за производство на телевизори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП