5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбама најави нови санкции

Обама најави нови санкции

BarackObama_AP_DroneStrikes

Претседателот на САД, Барак Обама изјави дека неговата земја денес ќе воведе нови економски санкции за поединци и компании од Русија.

Обама изјави дека санкциите ќе бидат воведени затоа што Москва не го поддржа меѓународниот договор за надминување на кризата во Украина, но призна дека новите мерки можеби нема да ги попречат пресметките на рускиот претседател Владимир Путин.

Се очекува дека конкретните мерки ќе бидат објавени од претставници во Вашингтон. Мета на санкциите ќе бидат технолошките производи кои Русија ги увезува за потребите на својата одбранбена индустрија и компаниите под контрола на блиски соработници на Путин.

Обама новите санкции ги најави за време на посетата на Филипини, со која ја завршува седумдневната турнеја низ азиските држави, пренесува агенцијата АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП