5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Љубљанска банка“, сепак, ќе стане сукцесиско прашање

„Љубљанска банка“, сепак, ќе стане сукцесиско прашање

ljub1

Иако шефовите на дипломатиите не сакаат да ги откријат деталите од договорената рамка за решавање на долгодишниот хрватско-словенечки спор околу „Љубљанска банка“ и нејзините стари штедачи, се поизвесно е дека проблемот ќе се решава во рамки на сукцесијата.

Банката за меѓународно порамнување во Базел ќе даде простор и администрација, а во разговорот за сукцесијата нема да се вклучат сите држави наследнички, туку само Хрватска и Словенија, пренесува хрватскиот весник „Вечерњи лист“.

Учесниците на неодамнешниот разговор во Оточац на Крка, шефовите на дипломатиите на Хрватска и Словенија Весна Пусиќ и Карл Ерјавец, „молчат“ за деталите од договорот, додека повеќе неофицијални извори потврдуваат дека „ нема збор за порамнување“ туку дека станува збор за „решение што било на масата“, односно за кое веќе се разговарало во некаква форма.

Првиот чекор во решавањето на проблемот била одлуката во врска со тужбите кои хрватските банки ги покренаа против „Љубљанска банка“.

На словенечката страна во спорот ништо друго, освен повлекување на тужбите, не и е доволно, укажува весникот и додава дека Пусиќ пред членовите на саборските одбори, говорејќи за решението, го одбегнувала зборот „повлекување“, користејќи други термини, како на пример, „ да се стави на страна“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП