20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКако Џеф Безос загуби 2.8 милијарди долари во еден ден!

Како Џеф Безос загуби 2.8 милијарди долари во еден ден!

amazon jef

„Amazon.com“ во четвртокот задоцни со објавувањето на финансиските резултати за првиот квартал. Во петокот „Волстрит“ го понуди своето мислење за резултатите и прогнозите на компанијата, а тоа не беше многу добро. Особено тоа важеше за основачот и извршен директор на „Amazon“, Џеф Безос.

Цената на акциите на компанијата падна за 9,9 % до 303.83 долари, што беше најниско ниво на затворање од 9-ти октомври наваму, кога паднаа до 298.23 долари. Загубата во проценти беше најголемата од 31-ви јануари наваму, кога акциите поевтинија за 11% откако приходите и профитот на компанијата се покажаа помали од очекуваните.

Падот во петокот ја намали вредноста на уделот на Безос во компанијата за близу 2,8 милијарди долари и тоа за само за ден. Акциите на „Amazon“ веќе стана поевтини за 25.5 % откако нивната цена достигна 408.06 долари на 22-ри јануари. Поевтинувањето од највисокото ниво на затворање од 407.05 долари на 21-ви јануари, пак е 25.4 %.

Колапсот во цената на акциите на „Amazon“ во петокот значеше дека пазарната капитализација на компанијата падна од близу 194 милијарди долари до 144.6 милијарди долари, врз основа на нејзините 476 милиони акции.

Уделот на Безос во компанијата забележа поевтинување од 34.1 милијарди долари до 25.4 милијарди долари од почетокот на годината. Безос поседува речиси 84 милиони акции на „Amazon.com“ или удел од 18 %.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП