29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците оптимисти, САД зајакнува

Американците оптимисти, САД зајакнува

sadzajaknuva

Довербата на американските потрошувачи овој месец се зголеми и достигна највисоко ниво од јули 2013 година, објави Ројтерс.

Тоа укажува на зголемен оптимизам на американските домаќинства и на подобрување на нивните ставови за ситуацијата во економијата и нејзините изгледи.

Според најновите истражувања на агенцијата Томсон Ројтерс и Универзитетот во Мичиген, ревидираниот индекс на потрошувачката доверба во САД во април е зголемен на 84,1 поени, од мартовските 80 поени.

Ревидираната априлска вредност на индексот е зголемена и со тоа ги надмина очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа дека индексот ќе порасне на 83 поени.

Индексот за делумната проценка на актуелната ситуација е зголемен овој месец од мартовските 95,7 поени, на 98,7 поени, што е негова најголема вредност за речиси седум години, од јули 2007 година.

Економистите внимателно го следат расположението на американските потрошувачи, бидејќи нивната потрошувачка изнесува околу 70 проценти од вкупниот промет на најголемата светска економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП