2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтрајк на пазарџиите во Грција

Штрајк на пазарџиите во Грција

pazardzii grcija

Производителите и трговците на земјоделски производи на отворените пазари во Грција од денеска стапуваат во штрајк во знак на протест против нацрт-законот, кој според нив, им служи претежно на интересите на монополите и ќе остави без средства за живот 50 илјади домаќинства.

Федерацијата на пазарџиите бара да бидат укинати спорните одредби во нацрт-законот, кои предвидуваат покривaње на отворените пазари и добивање на тезга на пазарите преку учество на конкурс.

Тие, исто така, бараат укинување на бирократските процедури за издавање на дозволи, како и на високите казни и административни санкции за непочитување на одредбите, кои вклучуваат и затвор во траење од три месеци до една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП