4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНБРМ организира меѓународна истражувачка конференција

НБРМ организира меѓународна истражувачка конференција

nbrm1111

– Народната банка на Република Македонија денеска и утре ја организира третата меѓународна истражувачка конференција „На патот кон заздравување и одржлив раст во променетото глобално окружување“.

Целта на конференцијата е да ги поврзе истражувачите од академските институции и институциите кои изготвуваат политики, да понуди дискусија заснована врз истражувања и совети кои ќе бидат релевантни за централните банкари и другите носители на политиките во регионот.

Конференцијата се организирана по повод одбележувањето на годишнината од монетарното осамостојување на Република Македонија.

Ќе биде доделена и редовната Годишна награда на Народната банка за најдобар труд во областа на макроекономијата од млад истражувач.

Конференцијата ќе биде организирана во шест сесии кои покриваат важни теми за централните банки, академските или истражувачките институции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП