6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКоја земја има најсреќни работници?

Која земја има најсреќни работници?

danskaj38ur3yr543

Данска има најсреќна работна сила, а зад неа следат Австрија и Белгија, покажаа резултатите на Евробарометар од Брисел.

Резултатите покажуваат дека 94 проценти од Данците се задоволни со условите за работа.

Повеќе од 80 проценти од испитаниците во Данска, Луксембург, Финска и Холандија сметаат дека постојат добри услови за работа.

На дното на листата се наоѓа Грција, како единствена земја во ЕУ во која помалку од половина од работниците изјавиле дека се задоволни од условите за работа.

Истражувањето покажува дека повеќето Европејци се задоволни од правата кои ги нудат законите за работа во ЕУ.

Секој девет работник навел дека годишно има околу четири недели платен одмор, додека другите испитаници навеле дека во нивната работа постои флексибилност околу работните часови.

Сепак, секој шести испитаник признал дека условите за работа се влошени во последните пет години, како резултат на невработеноста и намалувањето на платите во цела ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП