15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Whirlpool ги разочара аналитичарите

Профитот на Whirlpool ги разочара аналитичарите

whirlpool-logo-vector-cdr-20166

Американскиот производител на бела техника „Whirlpool“ ги разочара аналитичарите бидејќи во првиот квартал оствари помал профит од претходните предвидувања.

Според деловните резултати на компанијата, нето профитот во првите три месеци од оваа година е намален на 160 милиони долари или 2,02 долари по акција, од 252 милиони долари, односно 3,12 долари по акција во истиот период минатата година.

Аналитичарите предвидуваа добивка од 2,33 долари по акција, пренесува агенцијата Франс прес.

Со исклучок на курсните влијанија, приходот на американскиот концерн во првиот квартал се зголеми за шест проценти на годишно ниво.

Оперативниот профит е зголемен на 281 милиони долари, од минатогодишниот кој изнесуваше 254 милиони долари.

„Whirlpool“ ја потврди својата прогноза за оваа година дека очекува нето профит од 11,02 до 11,55 дoлари по акција. Аналитичарите повторно се поголеми оптимисти и очекуваат добивка од 12,31 долари по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП