18 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДоговорот за продажбата на Forbes пропадна поради високата цена

Договорот за продажбата на Forbes пропадна поради високата цена

forbes e2

Американскиот издавачки комплекс „Forbes Media“ не успеа да се договори за продажба на истоименото списание, соопшти агенцијата „Блумберг“. Според информации на агенцијата, еден од потенцијалните инвеститори веќе ги напуштил преговорите, другите двајца ги замрзнаа.

Според „Дојче банк“, која го процени списанието „Forbes“, цената му е околу 400 милиони долари, меѓутоа очигледно таа не се прифаќа од потенцијалните купувачи. Затоа официјално еден од нив, германскиот издавачки концерн „Axel Springer“ ги напуштил преговорите за купување на удел од медиумот.

Корејската издавачка група „Spice Global Investments“ објави дека ќе го замрзне своето учество во преговорите, а исто го направи и кинеската корпорација „Fosun International“.

Причината е дека бараната цена не им одговара инвеститорите. Сега на потег се Американците, кои очигледно ќе мораат да ги намалат своите барања, доколку сакаат сепак да се дојде до договор, коментираат од агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП