9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВан Гал е новиот тренер на „ѓаволите“!?

Ван Гал е новиот тренер на „ѓаволите“!?

van gal32

Луис ван Гал ќе биде новиот менаџер на Манчестер Јунајтед. Според холандското издание „Де Телеграаф“ синоќа 62 -годишниот стратег се договорил со раководството на „црвените ѓаволи“.

Веќе неколку дена потпретседателот на Јунајтед Ед Вудворд, еден од браќата Глејзер и адвокат на англискиот гигант преговарале со селекторот на националниот тим на Холандија во португалскиот град Алгарве.

Ван Гал се смета за фаворит за местото на Дејвид Мојс, кој беше отпуштен во оваа недела. Холандскиот стручњак ќе ја преземе функцијата веднаш откако „лалињата“ ќе го завршат своето учество на Светското првенство во Бразил во ова лето. Луис ван Гал добива можност да го избере тренерскиот штаб, со кој ќе работи на „Олд Трафорд“.

Сопствениците на Манчестер Јунајтед, семејството Глејзер, му ветиле на Холанѓанецот буџет од 100 милиони евра за трансфери во текот на летото.

Ова ќе биде четвртиот европски гигант со кој Ван Гал ќе раководи. Досега тој беше на чело на Ајакс, Барселона и Баерн. Со секој од овие тимови тој постигнал успеси. Во 2009-та година, дури успеа да направи од АЗ Алкмар шампион на Холандија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП