30 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАШто ќе се случи со Google+?

Што ќе се случи со Google+?

TEC-Google-Titan Aerospace

По осум години Вик Гундотр ќе го напушти „Google“. Што тоа значи за „Google+“, проект кој тој го започна и примарно се занимаваше со тоа во последните неколку години?

Се чини дека „Google+“ ќе престане да се натпреварува со другите друштвени мрежи и ќе стане платформа за услугите на „Google“

Извори блиски до овој гигант велат дека во компанијата е во тек реорганизација на тимовите кои се занимавале со оваа друштвена мрежа, а кои заедно броеле помеѓу 1000 и 1200 вработени.

Тимот кој работеше на „Hangouts“ би требало да се придружи на екипата за „Android“. По истиот пат би можеле да тргнат и оние кои се занимавале со сервисот за фотографии.

Што ќе биде со оние кои нема да преминат во „Android“ се уште не се знае. Се претпоставува дека Лери Пејџ ќе го следи примерот на Марк Цукерберг и ќе ги пренасочи на развој на начини како да извлечат максимум од корисниците на мобилните уреди. Можно е да прават „widget“ кои „G+“ би го користеле како платформа, наместо како посебен производ.

Следува, изгледа и една голема промена: интеграцијата на „Plus“ во другите сервиси повеќе нема да биде задолжителна. Постоечките интеграции нема да исчезнат, но нивното влијание и значење ќе бидат помали. Дел од несогласувањата кои Гундотр ги имал со остатокот на „Google“ бил најверојатно поврзан со форсирањето на тие интеграции, кои на сите добро не им влијаеле.

Неговото место ќе го заземе Дејвид Бесбрис, додека деловите во „Plus“ би требало да ги зазема „личност задолжена за „Chrome““. Дали тоа е Сундар Пичаи или некој друг, се уште не е познато.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП