6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMaserati e на добар пат тројно да ја зголеми продажбата во 2014-та

Maserati e на добар пат тројно да ја зголеми продажбата во 2014-та

maserati alfi

„Meserati“ во 2013-та година продаде 15.400 aвтомобили. Во текот на првите три месеци од 2014-та, компанијата во просек добивала по 3.500 нарачки месечно, а доколку овој тренд продолжи, годишната продажба би можела да достигне 42.000 возила.

Поради зголемената побарувачка, „FIAT“, кој е сопственик на „Maserati“, ја разгледува можноста за воведување на трета смена во фабриката Груљаско во која се произведуваат двата најбарани модели „Quattroporte“ и „Ghibli“. Досега еден погон работеше во две смени, но по потреба вработените работеа и навечер, како и за време на викендите.

Во групацијата „FIAT“ веруваат дека приходите од продажбата на возилата на „Maserati“ би можеле да ги покријат загубите кои во 2014-та година ќе ги направи брендот „FIAT“.

„Бројот на нарачки е неверојатен. На „Maserati“ добро му тргна и очекуваме одлична година“, изјави извршниот директор на групацијата „FIAT“, Серџо Маркионе.

Добрите почетни резултати во 2014-та би можеле да го забрзаат донесувањето на позитивни одлуки за производство на нов модел кој би бил заснован на концептот спортски автомобил „Alfieri“ кој беше претставен на женевскиот саем.

Предвидено е тој автомобил да биде поставен на платформата на идниот „SUV“ модел „Levante“, чие производство треба да започне во 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП