2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрвиот квартал му донесе на Gorenje позитивен пресврт

Првиот квартал му донесе на Gorenje позитивен пресврт

238728_gorenje_orig

Словенечкиот производител на бела техника „Gorenje“, во првиот квартал од оваа година оствари приход на ниво на групацијата од 290,7 милиони евра, со раст од 0,5 проценти во однос на истиот период минатата година, објави компанијата.

И покрај тешките околности во секторот за бела техника во Европа, „Gorenje“ во првите три месеци од оваа година во својата основна дејност, куќните апарати, оствари приход од 242,4 милиони евра, што е раст од 1,1 проценти во однос на истиот квартал во 2013 година, пренесува регионалниот портал „Seebizz“.

Поголемата продажба на куќни апарати „Gorenje“ ја забележала во голем број европски земји, а приходите надвор од Европа пораснале за 13 проценти. Растот на приходот надвор од европските пазари, пред се, е резултат на доброто работење во САД и во Австралија.

Пониски приходи оваа компанија забележала во скандинавските земји, каде побарувачката за куќни апарати се намалила, како и на пазарите во Украина.

Претседателот на Управата на „Gorenje“, Фрањо Бобинац, изјави дека деловниот резултат од првиот квартал сведочи за позитивниот пресврт во работењето оваа година и дека тоа е во склад со плановите на компанијата која минатата година спроведе опсежно реструктурирање и преселување на некои производни програми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП