5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на инфлацијата во Јапонија

Раст на инфлацијата во Јапонија

inflacija1

Инфлацијата во Јапонија во април го достигна највисокото ниво во изминативе 22 години, што е прв знак дека јапонските претпријатија успешно го пребродиле растот на данокот за додадена вредност (ДДВ).

Јапонската влада се одлучи да го зголеми ДДВ-то од 1-ви април, за да се избори со долготрајната дефлација на земјата, пренесува АФП.

Потрошувачките цени во април во Јапонија пораснале за 2,7 проценти во однос на март.

Растот на цените на мало на годишно ниво, не сметајќи го растот на ДДВ-то, во април достигнал еден процент.

Ова се први показатели за точното тврдење на јапонската централна банка дека третата економија во светот добро се противи на растот на ДДВ-то од пет на осум проценти.

Меѓутоа, многу аналитичари тврдат дека јапонската банка треба да воведе нови мерки на монетарната политика за стимулирање на економскиот раст.

„Растот на инфлацијата ќе ја загрози куповната моќ на граѓаните во наредните месеци, бидејќи растот на инфлацијата нема да биде пропорционално следен од растот на платите, а тоа ќе се одрази на падот на потрошувачката“, сметаат аналитичарите на „Sity Global Group“.

„Објавените резултати за априлската инфлација во Јапонија не ни докажаа дека јапонската банка треба додатно да ја прилагоди монетарната политика во јуни и јули“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП