19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСолиден прв квартал на Microsoft под водство на Недела

Солиден прв квартал на Microsoft под водство на Недела

satja nedela microsoft

„Microsoft“ постигна нето добивка од 5.66 милијарди долари во текот на последниот квартал, што е намалување од 6,5 % поради доцнењето на приходите од софтверот, наменет за персоналните компјутери, објавија новинските агенции.

Во трите месеци кои завршија кон крајот на март, нето добивката по акција се утврди на 68 центи, што е повеќе од 63-те центи кои беа предвидени од аналитичарите. Прометот забележа мал пад од 0.41 % или 20.4 милијарди долари, но останува над очекувањата од 20.39 милијарди долари.

Активностите насочени кон пошироката публика имаа раст на прометот за 12% или 8.3 милијарди долари, додека оние за фирмите (сервери и услуги поврзани со облакот) се зголемија за 7% или 12.33 милијарди долари.

Ова се првите резултати објавени откако компанијата е под раководство на Сатја Недела, кој беше назначен во февруари за генерален директор на групацијата. За разлика од својот претходник, Стив Балмер, Недела денес имаше телефонска прес-конференција, за време на која ги претстави резултатите.

„Microsoft“ исто така има продадено 2 милиони конзоли „Xbox“, со која се натпреваруваат на пазарот со „PlayStation 4“ на „Sony“. Друга позитивна вест се приходите од таблетот „Surface“, кои се зголемија за повеќе од 50 % или 500 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП