4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИран ги зголеми цените на бензинот за 75 проценти

Иран ги зголеми цените на бензинот за 75 проценти

iranbenzin1229928844535a544fbf7ac733130638_640x480

Иранските власти ја зголемија денес цената на бензинот на некои бензиски пумпи за 75 проценти, во настојување да ја регулираат цената на енергенсите во оваа земја која е погодена од санкции.

Ова зголемување кое стапи на сила на полноќ, е дел од втората фаза од владините планови целосно да ги укине сите енергетски субвенции.

Поради владините мерки цените на електричната енергија и домашниот гас на почетокот на оваа година пораснаа за 25 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Властите на Иран пред неколку години им овозможија на сите возачи во земјата да купат 60 литри бензин месечно по субвенционирани цени, но, според новите прописи, актуелната цена на горивото ќе се зголеми од 7.000 риали на 10.000 риали за литар, што е за 43 проценти повеќе.

Според најновата одлука на властите во Техеран цената на полусубвенционираниот дизел ќе се зголеми од 1.500 риали на 2.500 риали, односно за 60 проценти.

Целта на оваа одлука на иранската влада е либерализација на сите цени на енергенсите и намалување на потрошувачката на електрична енергија, која го надминува глобалниот просек.

Иранскиот претседател Хасан Рохани призна дека зголемување на цените на бензините ќе ги зголеми и трошоците за живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП