29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda двојно го зголеми профитот

Honda двојно го зголеми профитот

honda kup

Профитот на јапонскиот производител на автомобили „Hondа“ во четвртиот квартал од беше речиси двојно зголемен на годишно ниво, благодарејќи на добрата продажба во странство и послабиот јен.

Нето профитот на „Hondа“ во периодот јануари-март порасна на 1,67 милијарди долари, што е значително повеќе од истиот период од минатата година, додека кварталната продажба порасна за 13 проценти или 30 милијарди долари, се наведува во соопштението од компанијата.

„Honda“ во тој квартал продала скоро 1,2 милиони возила ширум светот, бидејќи и Јапонците побрзале да купат возила на „Hondа“ со цел да го избегнат растот на данокот на додадена вредност кој стапи на сила на 1-ви август.

Во фискалната година заклучно со март 2015-та година, „Honda“ очекува да продаде 4,83 милиони возила ширум светот, бидејќи во минатата година која заврши во март 2014-та имаа продадено 4,3 милиони автомобили.

Компанијата оствари профит од 5,6 милијарди долари во фискалната година која штотуку заврши, а овој резултат исто така е значително поголем од претходниот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП