4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцускиот министер за економија против продажбата на „Алстом“ на „Џенерал Електрик“

Францускиот министер за економија против продажбата на „Алстом“ на „Џенерал Електрик“

Montebourg

Новиот француски министер за економија Арно Монтебург се враќа на теренот на „економскиот патриотизам“, сакајќи да ја избегне продажбата францускиот индустриски гигат „Алстом“ на американската корпорација „Џенерал Електрик“, јави дописникот на МИА од Париз.

За денешното издание на „Монд“, Монтебург изјави дека Владата на Франција бара други решенија за „Алстом“.

Изутринава по барање на Регулативниот орган на финансиските пазари, беше стопирано тргувањето со акциите на „Алстом“ на париската берза, со цел да се избегнат сите шпекулации по гласините за купување на француската компанија од страна од „Џенерал Електрик“.

Вчера се одржа и средба меѓу Монтбург и директорот на „Алстом“ Патрик Крон, а за наскоро е предвидена и средба меѓу министерот, премиерот Мануел Валс и првиот човек на „Џенерал Електрик“.

„Алстом е симболот на нашата индустриска моќ и на француските знаења. Во врска со „Алстом“, Владата изразува загриженост и патриотска претпазливоста, изјави Монбург.

– Претпазливоста се однесува на сериозните ризици за губење на центарот за одлучување и желбата и потребата за зацврстување на француската индустриска база и околу бројот на создадените или изгубените работни места, дополнува министерот за економија.

Еврокомесарот за внатрешен пазар и услуги Мишел Барние смета дека оваа идеја за купување на „Алстом“ е привлечна и има смисла, со оглед дека еден од проблемите на компанијата е ограниченоста на енергетскиот пазар.

Во очекување на одлуките, „Алстом“ демантира дека преговара со „Џенерал Електрик“.

Истовремено, вчера агенцијата Блумберг обелодени дека за купување за „Алстом“ биле понудени 13 милијарди долари. Според „Фигаро“, „Џенерал Електрик“ е заинтересиран само за енергетската индустрија на „Алстом“, која се проценува на 10 милијарди евра.

Француската „Алстом“ е специјализирана во опремување на елетричните централи, далеководи, железнички материјали, како и за прозводство на легендарниот брз воз Те-Же-Ве. „Алстом“ избегна стечај во периодот 2003-2004 година и денес вработува 93.000 лица од кои 18.000 во Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП