4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПријателство на работа – да или не?

Пријателство на работа – да или не?

prijatelstvorabota950db09ccab14e218328330_orig

Пријателите ни се потребни во секој дел од животот. Но, понекогаш пријателствата на работа можат да ја нарушат работата, професионалноста, а тоа може скапо да ве чини. Ако се препознавате себе си во следните ситуации – внимавајте и поправете ги додека сеуште имате работа.

Попустливост

Колку пати ви се случило да му попуштите на колега од работа само затоа што ви е и пријател? Ако забележите дека вашиот пријател прави нешто погрешно, кажете му за грешката, да ја исправи и да не ја повтори. Можете да се најдете во лоша ситуација доколку ја поддржите неговата незадоволителна работа.

Социјализација

Постојано зборувате за неважни работи кои не се поврзани со работата. Внимавајте шефовите не ги сакаат овие муабети, сакаат атмосфера во која ќе се говори исклучиво за работата, се останато ќе ја намали продуктивноста.

Избегнувате критики

Тешко ви е кога ќе треба да дадете некоја критика за колегата кој во исто време ви е и пријател или тешко ви е да примите критика од него, тоа е непрофесионално. Треба да научите да критикувате и да примате критика без оглед на вашето пријателство. Во внатрешноста на компанијата вие сте соработници, а надвор од неа може да бидете блиски пријатели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП