28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCanon ја зголеми прогнозата за 2014

Canon ја зголеми прогнозата за 2014

canon-eos-logo

Јапонската компанија „Canon“ ја зголеми целта за посакуваниот оперативен профит за цела 2014 година за 1,4 проценти, по успешната продажба на апарати за фотокопирање и канцелариски печатари во првиот квартал.

Најголемиот светски производител на фотоапарати во 2014 година смета на оперативен профит од 365 милијарди јени (2,58 милијарди евра), за разлика од 360 милијарди, колку што изнесуваше претходната прогноза, пренесува Ројтерс.

Во првиот квартал од тековната година „Canon“ оствари 82,6 милијарди јени оперативен профит, со раст од 51 процент во однос на истиот период во 2013 година. Според аналитичарите, очекуваниот профит изнесуваше 68,6 милијарди јени.

Продажбата на канцелариска опрема во извештајниот период е зголемена за 9,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП