4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧуркин: Кина нема да ги поддржи економските санкции против Русија

Чуркин: Кина нема да ги поддржи економските санкции против Русија

china2

Кина дефинитивно нема да ги поддржи економските санкции против Русија, изјави рускиот амбасадор при ОН, Виталиј Чуркин.

„Русија е стратешки партнер на Кина. Русија и Кина се две големи држави кои не се подготвени да го прифатат тоа што Западот го диктира во меѓународната арена“, изјави Чуркин.

Тој додаде дека „Кина дефинитивно нема да поддржи ништо што на било каков начин е насочено против Русија, особено не на економски план“, пренесува Итар тас.

Западните држави воведоа одредени санкции против одделни руски и кримски претставници по спојувањето на Крим со Русија минатиот месец, а Москва возврати со иста мерка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП