6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да ги спречите проширените вени

Како да ги спречите проширените вени

prosireniveni4217305685184bc2c6ba07012610246_orig

Ако сакате да дознаете кои се вашите шанси да добиете проширени вени, погледнете го вашето семејно дрво. Доколку ги имаат вашиот татко или мајка, тоа значи дека 75 проценти и кај вас ќе се појават.

Слабоста на вените (венска инсуфициенција) настанува како последица на тешкото враќање на крвта во вените од долните екстремитети до срцето. Симптомите кои укажуваат на нивната лоша функција се болки, грчеви и чувство на тежина во нозете при долго стоење. Ако ова оптеретување на слаби вени долго трае, преоѓаат во проширени вени (варикозитети).

Проширени вени се јавуваат почесто кај жените (и тоа кај дебели, кај семејства каде овој проблем се јавува со генерации, кај оние кој користат орални контрацепциски средства, и кај оние кои немаат доволна физичка активност). Ова заболување е многу почесто кај поразвиените земји поради внесувањето на храна со малку хранливи состојки.

Проширени вени можете да ги лечите но многу тешко да ги спречите. Еве неколку совети:

– Избегнувајте долго стоење

– Ако сте во можност додека седите кренете ги нозете на друга столица

– Смалете ја телесната тежина

– Избегнувајте изложување на нозете на повисоки температури (сонце, сауна, туширање со топла вода)

– Бидете физички активни (пливање, брзо одење)

– Правете хидромасажа на нозете (туширање на нозете наизменично со ладна па со топла вода, тргнувајќи од стапалата накај препоните)

– Користете еластичен завој или чорапи доколку веќе имате проширени вени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП