Друштвената мрежа „Facebook“ соопшти дека ја превзема „Moves“ – популарната апликација за мобилни уреди, наменета да организира фитнес вежби или едноставно да ги брои чекорите кои човек ги прави во урбана средина.

Коментарите за веста се дека ова е само уште еден чекор кон совладување на популарни програми или платформи и апликации како „WhatsApp“ или „Instagram“, кои продолжуваат да постојат независно, но во орбитата на „Facebook“.
„Moves“ се појави на почетокот на минатата година како апликација за смартфонот на „Apple“, а потоа и за уредите со оперативниот систем „Android“. Во изминатата една година апликацијата е превземена од корисниците над 4 милиони пати.
Сега дел од нејзините творци ќе почнат да работат за екипата на „Facebook“ во Менло Парк , Калифорнија.
Годината започнува со амбициозни превземања од „Facebook“,досега компанијата плати 19 милијарди долари за „WhatsApp“ и 2 милијарди долари за „Oculus“ (креатори на уреди за виртуелна реалност).