18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Сосиете женерал“ забележа загуба во четвртиот квартал од 2012 година

„Сосиете женерал“ забележа загуба во четвртиот квартал од 2012 година

societe1

Банката „Сосиете Женерал“, која е втора по големина во Франција соопшти денеска дека во четвртиот квартал од минатата година, забележала загуба од 476 милиони евра, јави ДПА.

Наспроти овие податоци банката истиот период во 2011 година евидентираше нето заработувачка од сто милиони евра.

Овие резултатите за работењето на „Сосиете женерал“ се последица на новите правила за долгот, кој ги принуди банките да забележат загуба, доколку вредноста на нивниот долг расте.

„Сосиете Женерал“ е под притисок изминатите години да ја подобри својата финансиска стабилност, откако беше тешко погодена поради влијанието на грчката должничка криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП