2 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple: За еден квартал профит од 10,22 милијарди долари

Apple: За еден квартал профит од 10,22 милијарди долари

eplappleg48r4g

Нето профитот на „Apple“ во вториот квартал во фискалната 2013-2014 година, кој започна во октомври, е зголемен за 7 проценти на годишно ниво и достигна 10,22 милијарди долари.

Компанијата соопшти дека приходите во тој период достигнале 45,65 милијарди долари, што е за 4,7 проценти повеќе отколку во вториот фискален квартал од 2012-2013 година. Обемот на продажбата на „iPhone“ е зголемен за 17 проценти, на 43,7 милиони единици.

„Многу сме горди на нашите квартални резултати, особено на силната продажба на смартфонот „iPhone“, изјави генералниот директор на „Apple“ Тим Кук.

Компанијата објави дека ја зголемува и програмата за откуп на акции за 30 милијарди долари, од 60 на 90 милијарди, но и најави тримесечен раст на дивидендата за сопствениците на акции, на 3,29 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП