4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстралиски Грци ќе ја претвораат Итака во „мало Монако“

Австралиски Грци ќе ја претвораат Итака во „мало Монако“

itakaisland5g9r5g

– Група австралиски Грци најавија амбициозен план за изградба на туристички комплекси на островот Итака во Јонското Море, нагласувајќи дека нивна цел е да го претворат во „мало Монако“.

Инвестицискиот план предвидува изградба на шест суперлуксузни хотели, поголем број вили, терен за голф, пристаниште за 200 јахти и целосно опремена туристичка населба.

Идејата за ваквиот проект се јавила уште пред десет години и, според инвеститорите, сега дошле до последната фаза од подготовките на проектот.

Локалните жители на Итака се надеваат дека со ваквата инвестиција нивниот остров ќе се стане дел на светската мапа на луксузни туристички места.

Итака, кој од грчката митологија е познат како родното место на Одисеј, на овој начин се очекува да стане втор туристички рај во Јонското Море по соседниот остров Оксија, кој неодамна го купи еден од синовите на емирот од Катар за сума од 4,9 милиони евра и најави изградба на туристички комплекс на него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП